Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница закажа редовно Годишно Собрание на 21 март. Собирот на делегатите ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ и на него, меѓу другото, ќе биде разгледани финансиските извештаи за 2019 година и се очекува да биде усвоен и предлог буџетот за 2020 година.
Членовите на УО на ФФМ ги усвоија и цените на влезниците за меч меѓу Македонија и Косово во Скопје во рамки на полуфиналето во Лига на нации. Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 400 денари, во зависност од трибината. За домашните навивачи ќе биде резервиран „Западот“ на кој ќе се влегува бесплатно.