Дефанзивецот на Јувентус, Стефан Лихтштајнер изјави дека го напушта клубот на крајот од сезоната. Швајцарецот го призна ова по победата над Болоња синоќа (3:1), која ги донесе уште поблиску до седмата последователна титула.
– Имам 14 дена во Јувентус, ми треба нова мотивација, нов предизвик, ќе ја продолжам мојата кариера надвор од Италија. Не можам да кажам каде, се уште не сум потпишал договор, рече Лихтштајнер по мечот.
Десниот бек има запишано 203 натпревари за Јуве на сите турнири, со постигнати 12 гола. Тој е шесткратен шампион во Серија А и трипати го освои Купот на Италија и Супер Купот.