Ливерпул ја продолжи серијата победи во Премиер лигата која трае осум натпревари. „Црвените“ денеска го победија Брајтон на гостински терен со 2:0.
Избраниците на Јирген Клоп освојуваат по три бода на осум првенствени натпревари во низа со вкупен резултат 21:2.
Пред Брајтон, Ливерпул славеше победа над: Вест Хем (1:0), Лидс (6:0), Норвич (3:1), Барнли (1:0), Лестер (2:0), Кристал палас (3:1) и Брентфорд (3:0).
Во следното коло Ливерпул гостува кај Арсенал.