Ливерпул им се придружи на Челси и Манчестер јунајтед на врвот на табелата со по 10 бода откако вечерва избранциите на Јирген Клоп со 0-3 триумфираа на незгодното гостување кај Лидс.
Салах го отвори резултатот по 20 минути игра и го постигна погодокот број 100 во Премиерлигата.
Фабињо на стартот од вториот дел зголеми на 0-2, а во финишот од мечот, Мане со својот 10 обид, ја затресе мрежата на домаќините за 0-3.
Натпреварот сепак ќе има мала дамка откако младиот Харви Елиот заработи тешка повреда и беше изнесен на носилки. Струијк доби црвен картон за стартот, па Лидс повеќе од половина час играше со играч помалку.