понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул води на полувремето: Мохамед постигна два маестрални гола, но не се радуваше, еве ја причината (ВИДЕО)

Ливерпул води на полувремето: Мохамед постигна два маестрални гола, но не се радуваше, еве ја причината (ВИДЕО)

Мохамед Салах уште еднаш покажува каков играч е, постигна два маестрални погодоци за водство на Ливерпул од 2-0 по првото полувреме против Рома.

Ливерпул имаше бавен старт на мечот, но откако забрза одбраната на Рома немаше мир. По неколку пропуштени шанси на Мане, на сцена стапи Салах.

Во 36. минута ја смести топката во самиот агол од голот на Рома, а кон крајот на полувремето го лобуваше Алисон за водство од 2-0.

И при двата погодоци Салах не се радуваше поради почитта која ја има кон неговиот поранешен клуб, Рома.