среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Локатели донесе победа на Јувентус во градското дерби

Локатели донесе победа на Јувентус во градското дерби

Вечерва во рамките од седмото коло во Серија А беше одиграно градското дерби помеѓу Торино и Јувентус, а на крајот трите бода ги освои екипата на Масимилијано Алегри.

Натпреварот беше решен во 86. минута, Мануел Локатели беше оставен само во шеснаесетникот и новото засилување на Јувентус тоа знаеше да го искористи и да погоди во долниот десен агол. Во продолжение и Кулушевски ја погоди стативата, па резултатот остана 1:0.

Со оваа победа Јувентус дојде до осмата позиција на табелата, а што е поважно за тимот на Алегри успеаа да врзат три победи во низа во Серија А, но ја прекинаа црната низа од 20 натпревари во низа во кои примаа гол во италијанското првенство. Како што стојат работите во продолжение од сезоната се најавува еден подобар Јувентус.