среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Овој англиски клуб ќе игра на стадион со најмал капацитет во историјата на Премиер лигата

Овој англиски клуб ќе игра на стадион со најмал капацитет во историјата на Премиер лигата

Натпреварите кои новиот англиски прволигаш Лутон ќе ги игра на домашен терен во новата сезона ќе донесат најмала посетеност во историјата на Премиер лигата поради капацитетот на стадионот.

Лутон вчера го совлада Ковентри во финалето од плејофот и по пауза од 31 година се врати во англиската елита, а за првпат во клупската историја ќе игра во Премиер лигата.

Клубот од гратчето Лутон, околу 50 километри северозападно од Лондон, своите натпревари ги игра на стадионот „Кенилворт Роуд“, кој прв пат е отворен во 1905 година и со капацитет од околу 10.000 седишта ќе биде најмалиот на кој ќе се играат натпревари во историјата на Премиер лигата.

Лутон објави дека во текот на летниот период ќе инвестира околу десет милиони фунти во реновирање на стадионот за да ги исполни стандардите на Премиер лигата.