вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија – една од ретките држави на која Роналдо ѝ нема дадено гол!

Македонија – една од ретките држави на која Роналдо ѝ нема дадено гол!

Македонија вечерва загуби од Португалија и со тоа остана со неисполнет сон да биде дел од Светското првенство во фудбал.

Ѕвездата на Манчестер јунајед, Бруно Фернандеш, беше стрелец на двата гола кои ја донесоа победата за Португалија.

Кристијано Роналдо не даде гол на овој натпревар, а тоа беше случај и на натпреварот кој Португалија го играше со Македонија во 2012-та година.

Со години важи за најдобар фудбалер во светот кој ги тресе мрежите на сите клубови и репрезентации, но Роналдо нема дадено ниту еден гол кога играл против репрезентацијата на Македонија.