Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновата ранг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 75-та позиција.
Нашите репрезентативци не играа во изминатиот период, па Македонија е на приближно истите позиции.
Пред нас се Сирија, Палестина, Узбекистан, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Саудиска Арабија…
Овој месец избраниците на Игор Ангеловски ќе одиграат две пријателски средби на неутрален терен во Анталија. На 23 март против Финска, а четири дена подоцна со Азербејџан.
Финска е на 68. место и победа ќе ни донесе поени за напредок, а Азербејџан е 127. место на ФИФА листата.
Во првата петорка нема промени во однос на претходното рангирање. Германија е прва, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија.