вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија тргна во нов поход: Прва цел да се освои Бугарија!

Македонија тргна во нов поход: Прва цел да се освои Бугарија!

Македонската фудбалска репрезентација замина за Бугарија во нов поход за историски потфат и главната цел да се биде прв во групата во Ц-дивизијата што би ни донело нов исчекор во европскиот фудбал, нов бараж за Еуро 2024 и евентуално трет барабан за евроквалификациите.

Фудбалерите максимално расположени и насмеани заминаа кон соседна Бугарија од каде почнува новиот циклус во Лигата на нации, а во Разград во четврток е првата станица од шесте на патот кон првото место. Црвено-жолтите имаат врзани две гостувања, па после Бугарија од Бургас заминуваат за Гибралтар на вториот меч во овој циклус од четири меча за десет дена, по што ќе следат двата домашни мечеви со Грузија и Гибралтар во идната недела – на 9 и 12 јуни.

Мечот во Разград е во четврток од 18 часот.