Македонската фудбалска репрезентација составена од фудбалери до 19 години, одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Црна Гора во рамките на вториот контролен меч попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски поведоа во 36. минута со голот на Бехар Фета. Конечните 1:1 ги постави Виктор Џукановиќ во 80. минута.
На овој натпревар македонската репрезентација беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.
На првиот меѓусебен дуел одигран пред два дена, Македонците победија со 2:0.