Манчестер Сити ќе ја отвара новата сезона со дуелот против Ливерпул во Комјунити Шилд, а за овој меч како и за наредниот период менаџерот Пеп Гвардиола нема да може да смета на стандарден првотимец.
Имено во „аут“ најмалку до септември ќе биде шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт кој ја заврши минатата кампања со болки во коленото по што мораше да оди на операција.
-Лапорте е повреден. Тој имаше операција на коленото по минатата сезона, ги одигра последните два-три натпревари со важна повреда и вложи неверојатен напор. Имаше операција, засега му оди навистина добро, но мора да се биде внимателен со коленото. Мислам дека до август ќе биде во „аут“, септември мислам дека можеби ќе почне да биде со нас, -порача Гвардиола.