четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити понуди 30 милиони евра за Роналдо

Манчестер сити понуди 30 милиони евра за Роналдо

Манчестер сити испрати официјална понуда до Јувентус за напаѓачот Кристијано Роналдо, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука Ди Марцио. Англискиот клуб понудил 30 милиони евра за играчот на португалската репрезентација.

Претходно се дозна дека Роналдо побарал од италијанскиот клуб да биде реализиран трансфер во Манчестер сити.

Триесет и шестгодишниот Португалец постигна договор со англискиот клуб до 2023 година. Неговата плата треба да биде 20 милиони евра по сезона.

Минатата сезона Роналдо одигра 44 натпревари за Јуве, постигна 36 гола и оствари четири асистенции.