четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити поразен на домашен терен од Тотенхем

Манчестер Сити поразен на домашен терен од Тотенхем

Лондонскиот фудбалски тим конечно ја прекина серијата од три порази откако вечерва со совлада актуелниот англиски шампион Манчестер сити со 3-2  на негов терен.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски се запиша во листата на стрелци во четвртата минута по одличниот контра-напад на Тотнем, но Илкај Гундоган во 33. минута ја врати неизвесноста (1-1).

Англискиот напаѓач, кој беше голема желба на „граѓаните“ минатото лето, Хари Кејн погоди за 2-1 во 59. минута. Ријад Марез ја врати надежта на „граѓаните“ дека можат до победа во драматичниот натпревар бидејќи реализираше пенал во втората минута од судиското надополнување (2-2), но Кејн ги расплака домаќините со погодок во 95. минута, кога ги постави конечните 3-2 на овој меч.

Манчестер сити останува прв на табелата со 63 бодови, односно шест повеќе од Ливерпул и 13 бода пред Челси, додека Тотнем со новата победа остана во игра за топ-4.