Играчот на Милан Брахим Диаз, оваа сезона има 17 настапи во кои забележа 4 гола и една асистенција. Тој е на „Сан Сиро“ како позајмен од Реал Мадрид две години, а на крајот од оваа ќе треба да се врати кај „кралевите“.
Диаз има настап за Шпанија на еден контролен натпревар, против Литванија во 2021 година, кога даде и гол. но има и марокански пасош со оглед дека неговиот татко има корени од таа земја.
Во Мароко веруваат дека Диаз би можел многу брзо да заигра за нивната селекција, па дури и на Мундијалот во Катар. Мароко игра за осум дена, Диаз не доби повик од Луиз Енрике за Шпанија, па може во последен миг да одбере нова репрезентацијата.
Диаз би бил замена за Армин Харит, играчот на Олимпик Марсеј кој ги скина лигаментите на последниот натпревар во шампионатот на Франција. Мароко наводно му испратил повик на Диаз, сега на него е дали ќе одговори позитивно или не.