Селекцијата на Мароко е најпријатното изненадување на Светското првенство, но овој африкански претставник не сака тука да застане и желбата е да направи уште една сензација во пресметката со Португалија. Мароканците успеа да ја елиминираат Шпанија и сега сакаат тоа да го направат и со соседот на „црвената фурија“.
-Ние сме сто проценти подготвени. Португалија е фаворит, но беше и Шпанија. Ја прифаќаме улогата на аутсајдери, но сакаме да направиме ново изненадување. Имаме слабости, тоа е јасно, ама ги имаат и сите останати. Можеби Португалците имаат помалку од другите, сепак ги анализиравме, се подготвивме, имаме план. Не сме задоволни од постигнатото, сакаме уште да играме на Светското првенство. Не треба многу да внимаваме на противникот, туку да се гледаме себеси -порача селекторот Валид Реграгуи.