среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсел Сабицер од Баерн Минхен се сели во најлутиот ривал

Марсел Сабицер од Баерн Минхен се сели во најлутиот ривал

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Марсел Сабицер се сели во Борусија Дортмунд. Веста е потврдена од повеќе извори и се чека само официјалното преставување од страна на „милионерите“.

Трансферот ќе ја чини Борусија Дортмунд 19 милиони евра со бонуси. 29-годишниот Австриец ќе потпише договор оваа недела доколку успешно помине на лекарските прегледи.

Сабицер минатата сезона играше за Манчестер Јунајтед како позајмен од Баерн.