понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе го пропушти денешниот тренинг

Мбапе го пропушти денешниот тренинг

Првиот стрелец на актуелното Светско фудбалско првенство, францускиот напаѓач Килијан Мбапе, не тренираше денеска со репрезентативните колеги, туку одбра тренингот да го мине во „соба за рехабилитација“.

Мбапе беше двоен стрелец во осминафиналето против Полска и со тоа во неделата дојде до бројката од пет постигнати голови на Мундијалот во Катар. Меѓутоа, од дуелот со Полска тој не тренираше, а вчера целокупниот тим на Франција доби слободен ден, додека напаѓачот одлучи денешниот тренинг да го одработи индивидуално.

Франција во четвртфиналето в сабота ќе игра против Англија.