сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе испрати директна порака по болниот пораз во финалето на СП (ФОТО)

Мбапе испрати директна порака по болниот пораз во финалето на СП (ФОТО)

Килијан Мбапе направи се што можеше за неговата Франција да ја одбрани титулата на Мундијалот во Катар, но на крајот ниту неговите осум гола и две асистении не се покажаа како доволни неговата селекција да ја задржи „Божицата“.

Во големото финале популарните „галски петли“ загубија на пенали од Аргентина и тоа во средба во која се враќаа во повеќе наврати, па дури им се отвори и можност за чудесен пресверт, меѓутоа ќе мораат да побараат некоја друга прилика за трофејот.

Мбапе ја доби наградата за најдобар стрелец на Мундијалот, ама секако тој беше разочаран што не се радува на најважниот трофеј.

Иако разочарувањето е големо, напаѓачот ги искористи социјалните мрежи за да испрати кратка, ама јасна, директна порака.

-Ќе се вратиме, -напиша голгетерот на ПСЖ.