Битка за финале, а таму ги чека Аргентина. А кој против Меси? Франција или Мароко? Светскиот првак или чудото од Африка поточно “Атласките лавови“.
Килијан Мбапе или Ашраф Хакими, мега – ѕвездите на ПСЖ,големи пријатели, но вечерва и големи ривали.
Франција – Мароко е второто полуфинале на СП во Катар, меч кој се игра вечерва со почеток од 20 часот на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор, стадион кој е со капацитет од 69.000 гледачи, а барем половина од нив ќе бидат фанови на Мароко.
Фудбалскиот свет е на нозе. Чека уште една сензација од Мароко, селекција која се пласира во полуфиналето без примен гол, ако не го сметаме оној со Канада кој и беше автогол.
Победа со Белгија, реми со Канада и Хрватска во групната фаза, потоа ги елиминираше Шпанија и Португалија во елиминациската фаза. Светот затоа очекува ново чудо.
Сепак Франција е Франција. Селекција која, иако драматично ослабена, на овој Мундијал покажа досега најголем квалитет.
Судија ќе биде Рамос од Мексико, а нам ни останува да проследиме уште еден спектакуларен меч.
Франција или Мароко, кој во финалето против Аргентина и кој во битката за третото место против Хрватска?
Ќе дознаеме некаде после 22 часот.