Натпреварот од 13. коло во Премиер лигата помеѓу Барнли и Тотенхем кој требаше да се одигра денеска е одложен поради снегот кој паѓаше утринава во Англија.
Натпреварот требаше да започне во 15 часот, но и покрај напорите, луѓето во Барнли не успеаја да го исчистат теренот и да го подготват натпреварот.
Причина за тоа е снегот кој паѓа без престан од утринава.