среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мендеш ги соопштил условите под кои Кристијано Роналдо ќе си замине од Јунајтед

Мендеш ги соопштил условите под кои Кристијано Роналдо ќе си замине од Јунајтед

Кристијано Роналдо по секоја цена сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но огромен проблем е неговата следна дестинација со оглед на фактот дека тој прескап за голем дел од екипите во Европа.

Според британските медиуми на вчерашниот состанок со претставниците на клубот од Олд Трафорд, неговиот менаџер Жорж Мендеш ги претставил условите под кои португалскиот репрезентативец ќе ја смени средината.

Мендеш побарал од Манчестер Јунајтед неговиот клиент во следните 12 месеци да биде позајмен во друг клуб и за неговиот трансфер да не се поставуваат никакви финансиски услови.

Откако Челзи, Баерн и мадридски Атлетико се откажаа од намерата да го ангажираат, Португалецот наводно е подготвен да игра за далеку помала плата од онаа што ја има во Јунајтед, а која изнесува половина милион фунти месечно.

Неофицијално Кристијано Роналдо во моментов е најблиску до трансфер во Наполи, но за комплетирањето потребно е двете страни да се договорат за финансиските услови по кои Португалецот во следните 12 месеци би бил дел од екипата за која настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.