недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Минимална победа на Ливерпул против Вест Хем

Минимална победа на Ливерпул против Вест Хем

Англискиот фудбалски гигант Ливерпул славеше со минимални 1-0 против Вест Хем во рамки на 28.коло во Премиерлигата.

Садио Мане беше единствениот стрелец во 27.минута од натпреварот со што им донесе на „црвените“ од Енфилд  исклучително важни бодови во битката за првото место.

Сити останува лидер со 66 бодови, три повеќе од Ливерпул. „Граѓаните“ имаат натпревар повеќе одиграно од Ливерпул, а утре се среќаваат со Манчестер јунајтед во градското дерби.