сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Млад германски фудбалер се бори за живот по тепачка на натпревар

Млад германски фудбалер се бори за живот по тепачка на натпревар

Полицијата во Франкфурт соопшти денеска дека 15-годишен фудбалер од Берлин е хоспитализиран со повреди на мозокот опасни по живот, откако бил удрен од противнички играч по завршување на натпревар во рамки на меѓународен младински турнир.

Обвинет за нападот е 16-годишен фудбалер од француски тим и тој е во притвор додека се чека одлука на судот.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил по завршувањето на меѓународен натпревар во младинска конкуренција одигран во неделата во Франкфурт.

„Жртвата била удрена со тупаница во пределот на главата или врата и паднала. Итна медицинска помош му била укажана на самото место по што е пренесен во болница“, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата побара помош од сведоци кои располагаат со видеоснимки од инцидентот.