четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Моќно – Ен-Несири ги допре облаците, за 22 сантиметри го надмина легендарниот лет на Роналдо со Сампдорија (Видео)

Моќно – Ен-Несири ги допре облаците, за 22 сантиметри го надмина легендарниот лет на Роналдо со Сампдорија (Видео)

Јусеф Ен-Несири е големиот јунак на Мароко и стрелецот на голот против Португалија што е историски и донесе прво полуфинале за Лавовите од Атлас, но и за африканска репрезентација на Мундијалите.

Напаѓачот на Мароко и на Севилја летна моќно и ја затресе мрежата на Португалците, а според измерениот скок, Ен-Несири бил над земја за 2.78 метри.

Тоа е за 22 сантиметри повисоко од легендарниот лет на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус, кога и даде гол на Сампдорија, а тогаш беше измерен одраз од земја точно 2.56 метри.

Сепак Роналдо, кој вчера беше на поразената страна и е елиминиран со Португалците, го има рекордниот скок од 2.93 метри како играч на Реал Мадрид со погодок против неговиот сегашен тим Манчестер јунајтед.