среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Монтела не се предава

Монтела не се предава

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, најави борба до крај во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот на првиот дуел на домашен терен од Баерн (1:2).

– Немавме среќа. Се обидовме да ја покажеме најдобрата игра, но Баерн е многу силен. Во првото полувреме немаа свои минути и добро игравме. Во вториот дел бевме уморни, но нормално е. По паузата ние речиси не го загрозивме нивниот гол. Но, јас сум горд на тимот. И покрај поразот, нема предавање, ќе се бориме до крај, најави Монтела.

Реваншот е на 11 април во Минхен.

МИА