понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

МУ ЈА ИСПОЛНИ НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛБА: Легендарниот Марадона му го оствари сонот на дете родено без две нозе (ФОТО+ВИДЕО)

Најголемата легенда на аргентинскиот фудбал покажа дека не бил само голем фудбалер, туку и голем човек. Аргентинската легенда му го исполни сонот на дете од Казахстан, кое е роден без две нозе.
МУ ЈА ИСПОЛНИ НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛБА: Легендарниот Марадона му го оствари сонот на дете родено без две нозе (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер, Диего Марадона ја покажа својата човечка големина кога на едно дете од Казахстан му го исполни еден од двата сона. Со сјајниот гест на Аргентинецот, детето оствари еден сон, а другиот е на одличен пат.

Името на тоа дете е Али Турганбеков, а роден е без две нозе. Но и покрај тоа, Али не се предава и сонува дека еден ден ќе заигра фудбал со помош на протези.

Освен сонот да заигра фудбал, негов најголем сон бил и запознавање на големиот Диего Марадона, а Аргентинецот се потруди тоа и да му го исполни.

Имено, на адресата на Марадона стигна видео во кое Али говори како сонува да игра фудбал и дека сонува да го запознае Марадона.

Марадона беше многу среќен што може да го исполни сонот на ова дете и го повика на тренинг на неговиот тим, Ал Фујаирах, кој настапува во првата лига на Обединетите Арапски Емирати.

Кога дојде на тренингот веднаш застана на голот, а Марадона му шутираше. Малиот Али не можеше да го сокрие воодушевувањето што се дружи и тренира со можеби најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот.

После забавата на теренот, Марадона му подари потпишан дрес на детето, а после тоа срдечно се гушнаа.

Навистина одличен гест на големиот фудбалер, кој на Инстаграм објави фотографија како шутира на гол со опис: „Фала Али“.

Gracias Alí ❤ @fuj_fc Photo: @ammarali.27

A post shared by Diego Maradona Oficial (@maradona) on