сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо ги игнорираше прашањата за селекторското место на Португалија

Мурињо ги игнорираше прашањата за селекторското место на Португалија

Откако во четвртокот и официјално беше прекината соработката со Фернандо Сантош, Португалија е во потрага по нов селектор.

Очекувано, веќе започнаа да кружат шпекулации за тоа кој ќе го наследи, а португалските медиуми пишуваат дека првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Португалија има само една желба, а тоа е Жозе Мурињо.

По пристигнувањето во Фаро со Рома, Мурињо доби бројни прашања на оваа тема, но не сакаше да одговори. Тој едноставно ги игнорираше тие прашања.