понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

На мака се познаваат добрите луѓе: Секоја чест на Роман Абрамович

На мака се познаваат добрите луѓе: Секоја чест на Роман Абрамович

За разлика од некои англиски клубови кои ги намалија платите на играчите и отпуштија работници, лондонскиот премиер лигаш Челзи одлучи да ги задржи сите фудбалерите и вработените и им ги исплаќа платите во цел износ.

Рускиот милијардер сопственик на Челзи, Роман Абрамович, со овој потег уште еднаш ја одушеви британската, но и светската и не само спортска јавност, со своето однесува во текот на пандемијата на коронавирусот.

Абрамович од порано го стави клупскиот хотел на стадионот „Стенфорд Бриџ“ на располагање на медицинските работници додека трае справувањето со коронавирусот.

Клубот, исто така, уплати и голема сума за борбата со вирусот, но и ги помогна домовите за згрижување на жртвите на семејното насилство. Имено, во текот на пандемијата на коронавирусот во Велика Британија за 25 отсто се зголемил броот на злоставувањата на жените и децата, како и барањата за помош. Во земјата минатата 2019 година, инаку, 1,6 милиони жени претрпеле некој вид семејно злоставување.

Челзи покрена и неколку интернет курсеви за помош на децата во периодот додека тие се затворени дома поради пандемијата.

Според пишувањето на англиските медиуми, Абрамович во текот на кризата којашто трае од појавата на коронавирусот, загубил дури околу 2,5 милијарди евра. Неговото богатство се проценува на околу десет милијарди евра.