недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

На повидок трансфер бум во Европа, Роналдо има две нови опции, а и двете се „бомби“

На повидок трансфер бум во Европа, Роналдо има две нови опции, а и двете се „бомби“

По заминувањето на Роберт Левандовски од Баерн во Барселона, повторно заживеаја приказните за Кристијано Роналдо. Самиот тренира додека Јунајтед е на турнеја, иако од клубот тврдат дека не сакаат да го продадат, Португалецот сепак сака да си замине, пред се да игра во Лигата на шампионите.

Ќе биде замена за Левандовски во Баерн? Агентот Жорж Мендеш, наводно, рекол дека ќе прифати значително намалување на платата за да игра за Баварците, иако тешко е да се очекува Баерн да му плати на Јунајтед некакво обесштетување, освен ако тоа не е симболично. Кристијано несомнено би му користел на германскиот шампион, но се уште е прашање кое кружи низ медиумите во оваа земја, дали би вредело да се донесе Португалецот и да се одложи иднината, наместо да се обидува со помлад напаѓач.

Од друга страна, од Шпанија доаѓаат потврди дека Атлетико ќе се обиде да го доведе Роналдо. Тоа би бил навистина неверојатен потег со оглед на неговата историја, и фактот дека „Јорганџиите“ додека играше во Реал Мадрид, но и кога се пресели во Јуве, беа неговите омилени жртви.

Но, на Симеоне му е потребна замена за Суарез, бара и десен бек, но неколку продажби би можеле да отворат простор за платата на Роналдо. Саул не беше купен од Челзи, но сака повторно да се ослободи од него, ја чекаат Рома. Се врати и Мората кој дава помирливи изјави, но наводно Јувентус го чува тој канал отворен, повторно се обидуваат да се договорат со Шпанците, бидејќи Алегри со сите сили го сака Мората, кој покажа дека може да игра на нова позиција, на десната страна во нападот и многу значи за тимот, како некогаш Манџукиќ.

Неговото ново враќање во Јуве несомнено ќе направи простор за Роналдо. Инаку, Атлетико го донесе бразилскиот напаѓач Лин од Висенте, но тој е аквизиција за во иднина и игра на крило, не е класичен напаѓач.