сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман ги сака Реал или Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите

Нагелсман ги сака Реал или Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите

Тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман кажа кого посакува за противник во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

– Јас секогаш ја слушам химната на противникот кога се подготвувам за натпревар со него. Реал Мадрид и Јувентус имаат убави химни, јас дури можам да ги пеам, иако не знам многу добро шпански и италијански. Затоа, би сакал се сретнам со еден од овие два тима во осминафиналето, изјави Нагелсман за „Марка“.

Ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА ќе се одржи в понеделник (14 декември).