Ромелу Лукаку беше трагичарот во репрезентацијата на Белгија која поради неговите промашувања остана без пласман во осминафиналето на Мундијалот во Катар. Сега поранешниот репрезентативец на Белгијците, Раџа Наинголан смета дека Лукаку наскоро ќе се повлече од репрезентативниот дрес.
Со елиминацијата на Белгија од селекторската позиција си замина Роберто Мартинез на кого му истече договорот, медиумите најавуваат дека ќе следи повлекување на неколкумина фудбалери од „златната генерација“.
Наиголан очекува еден од оние што ќе се повлечат да биде и напаѓачот на Интер.
„Очекувам Ромелу наскоро да се повлече. Има 29 години, а после 30 не е лесно да се вратите на највисоко ниво и потешко закрепнувате од повредите. Нема да се изненандам ако наскоро каже збогум, за очекување е такво нешто. Се сомневам дека уште долго ќе игра за Белгија“, изјави Наиголан.