недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Најскапиот трансфер на Баерн шест месеци во аут

Најскапиот трансфер на Баерн шест месеци во аут

Најскапата инвестиција во историјата на Баерн Минхен, Корентен Толисо нема да игра во наредните шест месеци.

Францускиот репрезнтативец скина лигаменти за време на вчерашниот дуел против Баер Леверкузен и уште денеска е подложен на операција.

Толисо самиот се повреди додека се обидуваше да го стигне својот противник. Пред тоа, францускиот репрезентативец го постигна првиот гол за својот тим за победата со 3:1.

Покрај Толисо, и Рафиња го заврши мечот со повреда. Бразилецот ќе закрепнува околу три недели поради повреда на глуждот по многу цврст влез на Карим Белараби. За оваа повреда, играчот на „аспирините“ доби директен црвен картон.

Повреда во моментов третира и Кингсли Комман.

Претседателот на Баерн, Ули Хонс изјави дека тимот сепак има доволно играчи за да ги заменат отсутните.