вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нарцис или бизнисмен? Роналдо прави анимирана серија за себе

Нарцис или бизнисмен? Роналдо прави анимирана серија за себе

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се подготвува да ја пушти анимираната серија „Striker Force 7“ во која неговиот лик ќе има главна улога.

Роналдо соработува со компанијата „Graphic India“ и „VMS Communications“ за да ја реализира својата идеја на што е можно повеќе платформи, како што се анимирани стрипови и игри.

-На ист начин на кој фудбалот ги поврзува луѓето ширум светот, веруваме дека тоа го прават и анимираните ликови и херои, изјави Роналдо.

Кристијано, во вистинскиот живот, не успеа да направи нешто шо се очекува од еден анимиран суперхерој, не го освои шпанското првенство, но со Реал обезеди пласман во финалето на Лигата на шампионите, кое ќе го игра против Ливерпул на 26 мај. во Киев.

-Возбуден сум што мојата страст кон фудбалот и суперхероите ќе се спои низ овој проект и ќе се претстави пред фановите, рече Роналдо.