петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Јувентус бараат оставка од Алегри

Навивачите на Јувентус бараат оставка од Алегри

Навивачите на Јувентус го повикуваат клубот да го отпушти тренерот Масимилијано Алегри по синоќешниот пораз со 3:4 од Бенфика во Лигата на шампионите.

Како што објави „Кориере дело спорт“ навивачите на Јувентус го кренаа хаштагот #AllegriOut на врвот на социјалните мрежи.

Бенфика освои 11 бода и си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Јувентус е на третото место со три бода и ги загуби шансите за осминафинале.

Јувентус ќе го пропушти плејофот во Лигата на шампионите за прв пат по 2014 година.