среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Јувентус едногласни – Роналдо избран за најдоар играч во изминатава сезона

Навивачите на Јувентус едногласни – Роналдо избран за најдоар играч во изминатава сезона

Навивачите на Јувентус го прогласија португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо за најдобар играч во тимот во сезоната што измина.

Во сезоната 2020/21 во Серија А, 36-годишниот фудбалер одигра 33 натпревари, постигна 29 гола и стана најдобар стрелец на турнирот.

Дефанзивецот Хуан Куадрадо беше најдобар играч во мај во Јувентус, откако овој месец одигра пет натпревари во Серија А, постигнувајќи два гола.

Јувентус заврши четврти на табелата и избори место во Лигата на шампионите. (МИА)