понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар: Се уште не сум целосно подготвен

Нејмар: Се уште не сум целосно подготвен

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар кој вчера се врати на теренот по повредата на глуждот, не се чувствува целосно подготвен.

Нејмар кој го постигна водечкиот гол за „Кариоките“ во победата над Хрватска (2:0) очекува до почетокот на Светското првенство закажано за 14 јуни да биде во топ-форма.

-Поминаа три месеци откако се повредив. Се радувам што бев во можност да се вратам и при тоа постигнав гол. Среќен сум. Секој ден се подобрувам. Сега сум подготвен за 80 проценти. Очекувам за Мундијалот да бидам целосно подготвен, истакна Нејмар.

Бразил на Мундијалот во Русија ќе игра во Е-групата заедно со Швајцарија, Костарика и Србија.