четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Неповторливиот Адријано се разведе по 24 дена бидејќи „исчезнал“ на 48 часа поради Мундијалот

Неповторливиот Адријано се разведе по 24 дена бидејќи „исчезнал“ на 48 часа поради Мундијалот

Легендарниот бразилски фудбалер Адријано Леите Рибеиро (40) се разведе по неполни 24 дена поради Светското првенство во Катар!

Сега веќе поранешната сопруга Микала Мескита побарала итен развод.

Фудбалерот кој одигра 48 натпревари и постигна 27 гола во дресот на „кариоките“ ја одложил интимната свадбена прослава посветена на семејството и блиските пријатели.

Имено, тој отишол да ги посети своите пријатели во Вила Крузеиро, населба на северот на Рио каде што израснал, за да го гледа Бразил.

Го проследил натпреварот против Швајцарија и победа од 1:0, но проблемот настанал кога славниот шпиц по два дена се вратил дома, а Микаела не го прифатила извинувањето.

Таа не знаела каде е Адријано и решила да ја откаже прославата, но официјално побарала развод од матичарот, и го добила.

Мескита ги избриша сите заеднички фотографии, додека Бразилецот задржа некои.