Манчестер Јунајтед има лош почеток на новата сезона која ја започна со порази од Брајтон и Брентфорд. На оваа ситуација се додава и неизвесната иднина на Кристијано Роналдо за кого веќе долго време се пишува, ама едноставно нема разрешница.
Португалецот уште пред некое време го информираше клубот дека сака да си замине, меѓутоа Јунајтед како и тренерот Ерик Тен Хаг останаа на ставот дека тој и е потребен на екипата. Во меѓувреме по двата порази има нов момент и наводно клубот веќе е подготвен за разделба со Кристијано за да во претходните часови самиот фудбалер ги обвини медиумите дека шират невистини за неговата иднина, статус во премиерлигашот.
Ова стигна до Гери Невил кој одлучи да ги искористи социјалните мрежи за да му испрати порака на ветеранот.
-Зошто најдобриот играч на сите времиња (според мене) треба да чека две недели за да им ја каже вистината на навивачите на Манчестер Јунајтед? Стани сега и зборувај.
-Клубот е во криза и му требаат лидери да го води. Тој е единствениот кој може да ја зграби оваа ситуација за врат, -порача Гери на „Твитер“.
Why does the greatest player of all time (in my opinion) have to wait two weeks to tell Manchester United fans the truth? Stand up now and speak. The club is in crisis and it needs leaders to lead. He’s the only one who can grab this situation by the scruff of the neck!
— Gary Neville (@GNev2) August 17, 2022