петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Никогаш не се откажувај- Лудило од меч, Роналдо и дружината губеа со 2:1 до 88-ма минута, а потоа славеа со 4:2 и се пласираа во Азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

Никогаш не се откажувај- Лудило од меч, Роналдо и дружината губеа со 2:1 до 88-ма минута, а потоа славеа со 4:2 и се пласираа во Азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо реагираше на влезот на клубот во групната фаза од азиската Лига на шампиони.

– Тежок натпревар, но важна победа за пласман во азиската Лига на шампиони! Секогаш чувајте ја вербата до крај! Никогаш не се откажувај! – напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Ал-Наср синоќа го совлада Ал-Ахли со 4:2 во финалето од квалификациите за азиската Лига на шампиони. До 88. минута клубот од Дубаи губеше со 1:2.

Ал-Наср се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампиони, која започнува по еден месец.