Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна гол синоќа на натпреварот од 25. коло на италијанскиот шампионат против Специја (3:0). За него, овој погодок беше 20-ти сезонава во Серија А.
Триесет и шестгодишниот Португалец стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал најмалку 20 гола во националната лига во 12 последователни сезони.
Претходно, Роналдо играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон.