Легендата на бразилскиот фудбал Пеле „постепено закрепнува“, објавија неговите лекари. Пеле (82) беше хоспитализиран минатата недела поради лекување на респираторна инфекција отежната од коронавирусот. Се очекува Пеле да ја напушти болницата откако целосно ќе закрепне од инфекцијата.
-Виталните знаци на Пеле се стабилни, тој е свесен и без никакви нови компликации, се вели во соопштението на болницата Алберт Ајнштајн.
Пеле, трикратен победник на Светскиот куп, исто така се бори со ракот и оди на хемотерапија.
Сликата на младиот Пеле кој слави голови и крева трофеи со репрезентацијата на Бразил се појави во понеделникот на маиците и знамињата што ги носеа навивачите пред и за време на натпреварот од Светското првенство против Јужна Кореја.
Пеле изјави дека натпреварот ќе го гледа од болница.