сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Новинарка била ограбена во Катар, се изненадила кога полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот

Новинарка била ограбена во Катар, се изненадила кога полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот

Новинарка од Аргентина, Доминик Мецгер била ограбена додека правела известување во живо од Катар, властите и ветиле деа ќе и го вратат паричникот, дури и ја прашале каква казна сака да му биде изречена на сторителот.

Мундијалот во Катар е едно ново поинакво искуство за сите, аргентинската новинарка Доминик Мецгер раскажува за својот случај.

Таа била ограбена додека известувала во живо, и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари.

Доминик Мецгер го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени.

Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.

„Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата“ – раскажува Доминик Мецгер.