недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ново изненадување во Катар: Мароко ја нокаутираше Белгија која ќе треба да се „вади“против Хрватите! (ВИДЕО)

Ново изненадување во Катар: Мароко ја нокаутираше Белгија која ќе треба да се „вади“против Хрватите! (ВИДЕО)
фото: Tanjug/AP

Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0.

Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим.

За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска.

Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада.

На табелата во Г-групата лидер е Мароко со 4 бода од два натпревара, Белгија има 3 исто така од две средби, Хрватска е трета со 1 бод од еден натпревар, Канада е последна без освоен бод исто така од еден натпревар. (МИА)