Рекордниот шампион останува со рекордните шампиони, Баерн Минхен и Томас Милер (32) се договорија да ја продолжат соработката до 2024 година.
Овој 32-годишен напаѓач е во клубот од 10-годишна возраст, напредувајќи низ секоја возрасна група пред да стане професионалец во 2008 година.
Десеттата последователна титула на Баерн во Бундеслигата беше негова 11-та во „црвениот“ дрес, ниту еден друг играч во историјата на германската врвна лига не го кренал пехарот повеќе пати.
– Среќен сум што го продолжив мојот договор со Баерн Минхен до 2024 година. Задоволство е да ги браниш црвените бои од година во година, на теренот и надвор од него. Заедно продолжуваме напред – рече Милер за клупскиот сајт.
Милер освои 11 титули во Бундеслигата, две во Лигата на шампионите, Светско клупско првенство на ФИФА и Суперкуп на УЕФА, како и шест куп титули во Германија со баварскиот гигант.
Досега има 624 настапи за германските рекордни шампиони, а во 2014 година со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во Бразил.
2️⃣0️⃣2️⃣4️⃣ ✍️
Thomas Müller isn't going anywhere! 😍#MiaSanMia #Müllered pic.twitter.com/PnA2R34mfF
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) May 3, 2022