Карл Хаjнц Румениге си поднесе оставка на позицијата извршен директор на Баерн Минхен. Клубот преку официјално соопштение ги потврди најавите и го промовира легендарниот голман Оливер Кан во нов прв човек на Баерн.
Кан веќе работеше во тимот на Румениге кој му беше еден вид на ментор, а сега дојде време да го наследи. Првата работа која Кан ја заврши беше доведувањето на Јулијан Нагелсман, кој е негова идеја.
Од први јули Кан ќе ја презеде работата на Румениге во целост, а легендата нема да остане во клупските структури. Румениге ќе ја продолжи работата во фудбалот во структурите на УЕФА.