Кристијано Роналдо ќе го пропушти вечерашниот дуел помеѓу Јувентус и Барселона затоа што сепак е позитивен на коронавирусот.
Роналдо веќе две недели има проблеми со короната и се чинеше дека ќе биде подготвен за Барселона. Португалецот вчера повторно тестираше и беше шокиран кога резултатот од тестот беа повторно позитивен.
Пред вечерашниот натпревар во Торино, тој реши да објави на Инстаграм и рече дека се чувствува многу добро, и им посака среќа на своите соиграчи.
Но, тогаш ги изненади сите кога реши да остави коментар под објавата и напиша „ПЦР тестот е ср*ње“.
Неговиот коментар се прошири како пожар во јавноста и многумина беа изненадени што не се навикнати Роналдо да се однесува така. Тој реши да го избрише овој коментар, но веќе беше доцна.