понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Озил го поздрави Жиру поради специфичната техника: Кој те научи на ова? (ВИДЕО)

Озил го поздрави Жиру поради специфичната техника: Кој те научи на ова? (ВИДЕО)

Месут Озил долги години му беше соиграч на Оливие Жиру во Арсенал и двајцата изградија навистина пријателски однос, што може да се види и од последната објава на поранешниот германски репрезентативец.

Озил како секој фудбалски фан будно ги следи случувањата во Катар и повремено коментира дел од натпреварите на Светското првенство, а очекувано, не можеше да остане мирен по националниот рекорд кој го постави Жиру.

Популарниот Оли го надмина Тјери Анри на вчерашниот натпревар против Полска истана најдобриот стрелец во историјата на француската фудбалска репрезентација со 52 гола, но она што посебно му привлече внимание на Озил беше неговата завршница.

Наместо директен удар, напаѓачот се одлучи топката да ја шутне во земја и истата да добие уште поголема брзина и понезгодна траекторија, нешто што своевремено го „специјализираше“ Озил во редовите на Арсенал.

– Убав гол….. кој те научи на ова брате…..