вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп: Арсенал редовно постигнува голови во 93,95,98 минута…. ние тоа не го правиме!

Пеп: Арсенал редовно постигнува голови во 93,95,98 минута…. ние тоа не го правиме!

Пеп Гвардиола во своето последно интервју, на тема Арсенал, истакна дека неговата екипа не постигнувала толку доцни голови како Арсенал, кои за нив на неколку натпревари беа одлучувачки.

Дел од неутралната публика оваа изјава веднаш ја окарактеризира како губитничка, но борбата се уште трае, а Арсенал има +5 пред Сити, но има и гостување на Етихад, така да се уште ништо не е готово.

„Арсенал нема титула долг период, така да во продолженијата каде немаат предност, даваат се од себе за да постигнат гол. Тие редовно постигнуваат голови во 93,95 и 98 минута, ние тоа не го правиме, тоа го правиме во регуларен дел од натпреварот. Арсенал останува фаворит за титулата до крај. Ништо не е готово, сакаме и ние да бидеме на врвот, така да, тука сме, ќе се бориме“, порача Гвардиола.

Арсенал последен пат беше шампион во 2004 година со златната генерација на Арсен Венгер.