среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп: Едерсон нè остави во игра, вечерва среќата ни беше сојузник

Пеп: Едерсон нè остави во игра, вечерва среќата ни беше сојузник

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола по третпат, со трета различна екипа го освои ова натпреварување, но му оддаде признание и на ривалот.

„Севиља е одлична екипа и ни создаде многу проблеми. Посебно лоши ни беа првите десет минути, во кои Ен Незири и Окампос имаа шанси за гол. Потоа почнавме да ја играме нашата препознатлива игра и можевме и да победиме во регуларниот тек. Сепак, мора да се каже дека Ен-Незири имаше шанси за двојна предност и Едерсон нè остави во живот. Таков е фудбалот, пред некој ден загубивме на пенали, а сега се радуваме по казнени удари.

Вокер беше решителен да шутира пенал, но имаше и многу среќа. Задоволен сум, освоивме уште еден трофеј, но не сум многу среќен што ќе играме во Премиер лигата в сабота, а не в недела како што очекував“, рече Гвардиола.

Њукасл Јунајтед на „Сент Џејмс Парк“ ќе биде следниот премиерлигашки ривал на шампионот на Англија и Европа.